faq1 Често поставувани прашања

Онлајн учеството е инволвираноста на граѓани во процеси на донесување одлуки. За успешно учество воопшто се потребни следниве три работи:

1. Слободен пристап до информациите клучни за донесување на одлуката

2. Дискусијата на темата и фактите

3. Можноста да гласаш за вклучените страни

Во случајот на онлајн учество, овие чекори се главно  извршувани преку онлајн алатки. Ова има многу предности: онлајн учество е можно во секое време на секое место и актуелните информации можат да се достапни за сите заинтересирани страни во реално време.

Општини, училишта и младински организации редовно донесуваат одлуки кои  влијаат на младит луѓе. Младите луѓе сакаат и треба да имаат право на глас во донесувањето на одлуки и да ги придонесат своите идеи во вакви процеси на донесување одлуки.

Особено младите луѓе користат дигитални медиуми за комуникација – онлајн учество преку дигитални платформи како што е ОПИН овозможува млади луѓе да учествуваат активно во донесувањето одлуки. Со ОПИН, проекти за учество можат да ја изберат соодветната комбинација на онлајн алатки и оф-лајн активности, зависно од проектот.

ОПИН е европска широка платформа за младинско учество.Исто како кутија со алатки, ОПИН нуди широк спектар на процеси за учество. ОПИН е достапен за институции на јавна администрација и за младински организации од сите видови и големини.

Помеѓу другото, ОПИН им дава можност на авторитетите, младинските организации,  институциите за образование и на младинските клубови да го започнат својот сопствен процес на партиципација на платформата и така активно да вклучи млади луѓе во процесот на донесување одлуки.

ОПИН е онлајн платформа која обезбедува дигитални и мобилни алатки за учество. ОПИН креира дигитален дом за проектите за учество и дозволува провидна комуникација во сите фази на овие проекти.

ОПИН нуди поддршка и водство преку целиот процес на учество.

ОПИН е резултат на проектот за истражување и иновација “EUth – Tools and Tipps for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”, кој што беше финансиран од проектот за истражување и иновација “HORIZON2020” на Европската Унија. Проектот вклучуваше единаесет партнери во осум Европски земји.

ОПИН е заеднички замислен и реализиран од нексус Институтот за управување со кооперација и интердисциплинарни истражувања и течна демократија Е.В. во рамките на проектот ЕУтх.

ОПИН ја нуди можноста за иницирање на проекти за учество и поканување на млади луѓе да учествуваат во истиот.

ОПИН им дозволува на иницијаторите на проектите за партиципација самостоен избор на различни процеси на учество. Иницијаторите самите го модерираат процесот и ги координираат своите заедници. Така можат да го поддржат процесот во секое време и да реагираат на актуелни настани.

ОПИН ја поддржува вклученоста на учесниците во проектите преку: Вклученост во онлајн дискусии, преку пишување коментари и поднесување предлози

Гласања на одредени или отворени теми и/или ко-изјави  

Функцијата за симнување на ОПИН го олеснува документирањето на резултатите од дискусиите и гласањата.

ОПИН ја дозволува интеграцијата на оф-лајн настани во секое време од процесот на учеств

ОПИН нуди шест алатки за имплементацијата на процесите на учество: “Брејнсторминг”, “Предизвик на идеи”, “Просторни алатки”, “Поставување на агенда”, “Преглед на текст” и “Анкетирање” како и алатка за поддршка за иницијатори на проекти (Алатка за поддршка при одлуки)

ОПИН во моментот е достапен на англиски, дански, француски, словенски, германски, шведски, грчки, македонски, грузиски и италијански јазик.

Како европска платформа ОПИН се стреми кон надминување на јазичните бариери и да биде достапен за сите корисници на нивниот сопствен јазик.

ОПИН има потреба од твојата помош доколку сакаш да го користиш ОПИН на твојот мајчин јазик. Контактирај нè преку info@opin.me за да научиш повеќе за учествувањето  во заедничкиот процес на превод.

Безбедноста на личните податоци на нашите корисници е многу важна за нас. Можеш да бидеш сигурен дека твоите податоци ќе бидат Третирани Со Нега И Претпазливост за да се обезбеди високо ниво на безбедност.

Како дел на истражувачкиот проект "EUth- Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe" ОПИН е обврзан да  обезбеди анонимни кориснички имиња на сите учесници под 18 години. Те замолуваме да користиш псевдоним како твое корисничко име. Само на овој начин трети партии не можат да го дознаат твоето вистинско име.

ОПИН е хостиран на европски сервери, каде што важат европските закони за заштита на податоци. Секоја ОПИН сметка е поврзана со верифицирана e-mail адреса. Секој корисник креира сметка со лозинка. За регистрација ги бараме следните податоци: e-mail адреса, лозинка (лозинката е секогаш скриена кога ја внесуваш) и корисничко име.

За повеќе информации во врска со заштита на приватноста на малолетници и слични теми, види политика за приватност и услови за користење.