Процени го влијанието кое го има твојот проект

Проценка на влијанието ќе ти помогне да демонстрираш што имаш постигнато со твојот проект. Меѓутоа, може да претставува тешка задача да го документираш и измериш политичкото влијание кое е постигнато. Но ако почетно определиш јасно дефинирани цели, се движиш по вистинскиот пат. Проценка на влијанието е секогаш корисно. Ако влијанието е мало ќе научиш што да измениш во твојот следен проект. Ако постигнатото влијание е големо можеш да го искористиш во убедувањето на оние кои ги донесуваат одлуките да го поддржат и твојот следен проект за младинско еУчество, кога ќе побараш финансирање или кога ќе го промовираш твојот проект.

Многу е важно да се запамти дека влијанието е многу повеќе од донесување на конкретни политички одлуки. Затоа, проценката на постигнатото влијание е твоја шанса да го изложиш влијанието кое твојот проект го имал на повеќе различни нивоа. Како прво, тука се поиндиректните резултати кои можеле да го придонесат позитивно влијание кое проектот го имал, како на донесувачите на одлуки, така и на младите луѓе. На пример, овие резултати можат да покажат дека знаењето на младите за политика, за донесување одлуки и за други теми околу кои било разговарано  - е збогатено. Истото може да важи и за оние кои ги донесуваат одлуките и за акционерите – дека оформиле (нови) ставови и мислења за одредените теми околу кои се дискутирало. И се надеваме дека искуството всадило поголемо чувство за активно граѓанство! Како второ, дискусиите можат да откријат позиции и проблеми за кои што оние кои ги донесуваат одлуките не биле ни свесни претходно. Ова може да доведе до преобликување на политичката дебата. Понатаму, и ова е нашата желба, проектот за еУчество ќе ѝ претстави нови начини на водство на вклучената организација.

Feedback