Организирај семинар за обука на сите членови на тимот

За сè да се одвива без проблеми препорачливо е да организирш сесија за обука неколку денови пред настанот. Во оваа сесија треба да земат учество сите кои имаат некоја улога во програмата. Треба да се потрудиш и предходно да им испратиш поважни материјали како на пример, програмата, информациски материјал и чекор-по-чекор упатства, за да можат да ги прочитаат на време.

 

За време на семинарот, тимот на проектот треба да ја објасни улогата на младинското еУчество во проектот и што е поважно целите на настанот. Треба внимателно да ја објасниш секоја точка од чекор-по-чекор упатството и да ги објасниш разните улоги во настанот. Осигурај се да испланираш време за прашања и одговори, па така нејаснотии за програмата, улогите и друго навремено ќе бидат разјаснети. Ако дел од настанот е дискусија, корисно ќе биде да направиш и вежба каде ќе одглумите дискусија и  како одговорниот на групата треба да се однесува. За време на оваа вежба , можеш да симулираш различни ситуации кои би можеле да се појават за време на сесиите и потоа да разговарате како одговорниот би можел да реши потенцијален проблем. Ако ги користите карактеристиките на еУчество за време на настанот лице-во-лице одговорните на групите треба и нив да ги тестираат, така ќе бидат подготвени да им помогнат на младите учесници ако имаат прашања.

 

Кога луѓето кои одлучуваат имаат улога во програмата, може да биде многу корисно да организираш брифинг сесија со нив за да бидат подготвени и тие да знаат точно што се очекува од нив. Ако немаат време за состанок, запознајте ги со сесијата преку телефон.

Feedback