Повикајте ги кредиторите со моќ на одлучување да се приклучат

Исто така треба да ја тестираш твојата идеја и кај подржувачите со моќ на одлуки, и дозволете им и тие да ви дадат повратна информација. Во овој стадиум, можеби сеуште треба да ја здобиеш нивната подршка за проектот. Поканувајќи ги потенцијалните подржувачи да го креираат проектот со тебе и младите луѓе од почетокот, ќе ги зголеми  шансите за постигнување на твоите цели. Ќе им дадеш чувство да присвојност ако се чувствуваат вклучени и слушнати – а ова може потенцијално да има голем удел на крајот. Треба да чувствуваат дека проектот е исто толку нивен како што е и твој. Подршката од луѓето со моќ на одлуки е таа која може да ти гарантира дека ќе има влијание кај младите луѓе.

Кога еднаш ќе ги вклучите подржувачите потруди се да останат со тебе. Ова значи постојано да ги вклучуваш во текот на настаните. Твоите подржувачи ќе имаат значајни информации за идни политички одлуки кои ќе се донесат или други значајни настани, па ќе можеш да се координираш. Ако одлучиш подржувачите да бидат дел од Управниот Одбор важно е да бидат презентирани различни мислења, за да биде проектот балансиран колку е можно повеќе. Ако на пример работиш со политичари, треба да поканиш претставници и од левицата и од десницата. Ако работиш со повеќе заинтересирани странки, тогаш освен претставници на Невладини Организации треба да влкучиш и други видови на организации.