Вклучи ги младите во твојата проектна идеја

Кога ќе бидеш готов со првичниот нацрт за твојот проект, можеш да закажеш состанок со претставниците од групата на млади луѓе кои предходно си ги одбрал. Пожелно е да ја тестираш твојата идеја на нив, да ја преиспитаат и да дадат свои мислења. Ова е начин да се осигураш дека твојата идеја соодветствува со нивните барања и дека ќе се вклучат во проектот кога тој ќе се реализира.

Има повеќе можни придобивки од ваквиот состанок:

  • Ќе ги запознаеш младите подобро = ќе ти биде полесно да ги означиш активностите кои ги интересираат нив.
  • Добиваш можност за регрутирање млади претставници кои ќе имаат улога на амбасадори во корист на твојот проект = ќе ти помогнат да пристапиш кон повеќе млади учесници.
  • Им даваш чувство на одговорност и почит од почетокот на проектот = ова ќе ја зголеми нивната посветеност кон твојот проект.

Многу е корисно да се среќаваш со младите претставници постојано за време на проектот, секогаш кога ќе ти треба знаење и информации од прва рака. Еден начин да го формализираш ова е да формираш Управен Одбор. Има неколку начини да избереш млади претставници. Можеш на пример, да објавиш јавен оглас, па заинтересираните младинци можат да аплицираат да станат членови, или да се здружиш со локалните студентски совети. За повеќе идеи за ова погледни во Фаза на Подготовка!