Овозможи им на младите избалансирани и лесно достапни информации

Треба да размислиш кога и кој вид на информации младите учесници би требало да ги добијат пред тие да учествуваат во проектот и одлучувањето. Одговорите многу зависат од целта на твојот проект. Во некој случај, краток флаер кој ќе ја постави сцената ќе заврши работа; во друг случај, потребни се и подетални информации.  Да дадеме пример: Еден проект бара од младите луѓе да дадат придонес на политичка стратегија за вдомување за млади што градскиот совет ја проектира. За да дадат суштински и добро размислени одговори, младите треба да добијат добро избалансирани информации за да ги разберат проблемите веќе дебатирани помеѓу локалните политичари. Но што точно се мисли со „избалансирани„? Се мисли дека треба да бидат претставени спротиставени погледи во врска со темата.  Материјалот треба да ги опишува и двете страни „за„ и „против„ од различни опции согласно со други акционери. Ова е принципот на обезбедување на стручно мислење и против-мислење на дискутираните проблеми. Важно е да има согласување на несогласувањата кои се презентирани во информациониот материјал. За да го осигураш тоа, може да биде корисно да поставиш независен советнички одбор. Ова е особено важно доколку темата која се дебатира е политички осетлива. На пример, тоа значи ако поканиш политичар од левицата треба да поканиш и политичар од десницата исто така.

Во основа, материјалот за информации би требало да ги довете младите луѓе поблизу до основната почетна точка за одлучување. Значи материјалот треба да биде поеднакво разбирлив за сите млади луѓе. Затоа, добрo избирај го форматот на информациониот материјал и пушти младите претставници да го прегледаат пред да го поделиш! Информацијата немора да биде во текст. Може да биде и пренесено во краток филм или аудио пренос. Ако користиш текст, дополни го со графики кои ќе ги визуализираат главните аргументи за коишто младите треба да знаат. Доколку младите учесници добијат информацион материјал пред давањето мислења, тогаш ќе имаат шанса да направат истражување и да се појават на состанокот или да се логираат на OPIN добро подготвени.