Внимателно тестирај го процесот на еУчество пред да започне

Многу е важно за сите кои се вклучени во тимот на менаџирање на проектот да се запознаени со OPIN платформата – а особено членовите на тимот кои се задолжени за менаџирање на интернет мрежата. Ова ќе се случи само ако активно се користи платформата и на тој начин се користат различните функции и карактеристики. секако, особено е важно да менаџерот на интернет мрежата е супер корисник. OPIN платформата исто тако нуди лесни прирачници. Погледни ги за да научиш повеќе за OPIN функциите и улогите на корисниците![1]

Кога твојот онлајн процес е поставен треба да го тестираш. Во перфектен случај и твојот проектен тим и младите претставници треба да го тестираат и да дадат повратен одговор. Причината за тоа е двојна:

1)      Имаш шанса да се ослободиш од технички проблеми. Ако нешто не функционира имаш време да го поправиш. Имаш само една шанса! Доколку нешто не функционира кога ќе го отпочнеш процесот, младите учесници најверојатно ќе им здосади и нема повторно да учествуваат.

2)      Имаш шанса да ја измениш содржината на твојот процес (на пример текст и слики) доколку примиш помалку позитивни повратни информации од младите претставници.  



[1] https://opin.me/en/help/user-manual/