Фаза на идеја

Можеби немате јасна идеја за проект за е-Учество што би сакале да го спроведите, на пр. за прашање кое итно треба да се разговара со младите. Или чувствувате дека младите досега се вклучени многу малку, па би сакале да го промените тоа и да се запрашате како можете да го остварите истото: ова е она што ние го нарекуваме „фаза на идеја“. Оваа рана фаза на проект за учество - без разлика дали станува збор за дигитален или друг тип на проект – многу често се потценува и не и се дава приоритет. Ако имате јасна слика за целта на проектот и влијанието што сакате да го постигнете, веројатноста за успешно спроведување на проектот се зголемува.

Поставете реални цели за вашиот проект

Треба да си го поставите следното прашање: Што сакате да постигнете со проектот? Накратко, ова има врска со влијанието.

Колку појасно и пореално може да ги дефинирате целите, полесно ќе ви биде успешно да ги наведете чекорите кои ви се потребни за да го постигнете посакуваниот резултат. Бидејќи очигледно се занимавате со е-Учество и со ОПИН – погрижете се вашите цели да можат да се постигнат со можностите кои ги нуди ОПИН.

Секогаш можете да креирате тест-профил и да си поиграте малку со можностите што ги нуди ОПИН. Исто така, ве советуваме секако да ги разгледате упатствата низ прирачникот.

Направете скица за процесот на вашиот проект за учество од А до Ш

„e“ во е-Учество главно се однесува на методот за учество кој го спроведувате со проектот. За успешно водење на проектот, всушност, потребни се добри вештини за управување со проекти: треба да имате јасна идеја за целта на вашиот проект, влијанието што сакате да го постигнете со него и расположливиот буџет. Ова значи дека сега сте подготвени да направите груба скица на процесот од А до Ш што секако треба да се вклопи во процесот на донесување на одлуки.

Добро за почеток, е да направите краток опис на проектот од 2-3 страници. Во овој опис, може да вклучите:

  • Позадина на проектот
  • Идеја на проектот и нејзини цели
  • Методи (ОПИН – или уште подетално: кои можности од ОПИН и можеби како планирате да ги комбинирате со други дополнителни методи - како настани со физичко присуство)
  • Буџет
  • Временска рамка

12 корисни совети што треба да ги имате на ум во вашата фаза на идеја

  1. Сфататете го учеството сериозно!
    Никогаш не поставувајте прашање на кое не сакате одговор! Кога ќе го имате одговорот, вие сте должни да се обидете да го вклучите во процесот на одлучување. Повеќе може да најдете овде
  2. Ставете ги младите во центарот на она што го правите!
    Ова значи дека секогаш треба да ги вклучите и да ги имате на ум перспективите на младите кога донесувате одлуки за вашиот проект. Вклучете ги младите луѓе во вашиот тим од самиот почеток и за време на секој чекор!
  3. Бидете јасни во вашата цел(и) уште од самиот почеток
    За правилно да ја дефинирате целта на вашиот проект, треба да ги разберете и мапирате процесите на донесување на одлуки во кои сакате младите да интервенираат. Повеќе може да најдете овде
  4. Поставете реални цели за вашиот проект
    Колку појасно и пореално може да ги дефинирате вашите цели, толку полесно ќе биде успешно да ги наведете потребните чекори од проектот за да го постигнете посакуваниот резултат. Повеќе може да најдете овде
  5. Бидете јазни за тоа која е вашата улога во проектот
    Како некој кој помага, на пример, во процесот на е-Учество на младите, треба да дејствувате како „ посредник“ и да не барате одреден резултат. Како посредник, треба да бидете непристрасен во очите и на младите и на оние што донесуваат одлуки.
  6. Мапирајте ги вашите млади учесници
    Друго важно прашање што треба да се разгледа е дали групата на млади учесници треба да биде репрезентативна за сите млади луѓе во, да речеме, вашата општина. Репрезентативно избалансирана група на млади луѓе кои ќе учествуваат во вашиот проект ќе ги направи резултатите политички полегитимни. Повеќе може да најдете овде
  7. Мапирајте ги донесувачите на одлуки од кои би добиле поддршка
    Дури и кога донесувачите на одлуки го поддржале вашиот проект од самиот почеток, сепак многу е релевантно да се мапираат вашите вистински поддржувачи. Повеќе може да најдете овде
  8. Обезбедете средства за вашиот проект
    Обезбедувањето човечки и финансиски средства е специфичен предизвик. Многу корисен начин за да започнете е да стапите во контакт со вашиот Национален младински (информативен) совет. Тие имаат експертиза за давање совети за вакви прашања и тие најдобро ја знаат средината за младинско учество во вашата земја. Повеќе може да најдете овде
  9. Вклучете ги младите во вашата проектна идеја
    Треба да ја тестирате почетната проектна идеја на вашата целна група, дозволете да им биде предизвик и побарајте нивен придонес. Ова е начин да се избегне непривлечна идеја и наместо да се смисли проект во кој младите всушност би сакале да учествуваат кога ќе се реализира. Повеќе може да најдете овде
  10. Поканете ги донесувачите на одлуки да учествуваат
    Треба да ја тестирате вашата идеја и на донесувачите на одлуки и да им дадете можност да дадат повратни информации. Повеќе може да најдете овде
  11. Дополнувајте ја скицата на вашиот проект
    И разговарајте за тоа со младите претставници и донесувачите на одлуки. Прво, тоа обезбедува транспарентност во процесот, и второ, двете групи можат – се надеваме – да видат дека сте ги слушале. Повеќе може да најдете овде
  12. Правете евалуацијата на секоја фаза од вашиот проект
    Ова е особено случај ако проектот трае подолг временски период. Главните прашања што треба да си ги поставите себеси (и на вашиот тим) се: Што помина добро? Што можеше да се направи поинаку? Повеќе може да најдете овде

Tекстовите и ресурсите на оваа веб страница се финансирани од Европската Комисијата, како дел од проектот Еразмус+ DIGY и се објавени под следнава лиценца:

License and Logos long