Фаза на подготовка

Оваа фаза е првиот чекор во реализација на проектот на кој сте му направиле група скица во фазата на идеја. Фазата на подготовка често одзема најмногу време, затоа погрижете се да се посветите максимално и да имате подготвено сè што ви е потребно за фазата на учество.

Испланирајте детали

Во оваа фаза, треба детално да навлезете. Одлучете се дали че спроведувате краток проект на ОПИН или процес на учество кој ќе трае подолго и ќе биде комбиниран со офлајн настани. Изберете која можност ќе ја користите од ОПИН и запознајте се со можностите кои ОПИН ги нуди, како на пр. давање основни прединформации за проектот, прикачување резултати од офлајн настани и многу повеќе. Ви советуваме да го проверите прирачникот за OПИН и да извршите тест-проект со вашиот тим. Видете овде.

Активирајте ги младите

Имате добра идеја, ги знаете донесувачите на одлуки и имате основа за вашиот проект. Што ви недостасува? Млади луѓе! Понекогаш е тешко да стапите во контакт со нив и да се поврзите. Обидете се да формирате партнерства, на пример со училишта или младински клубови. Ова ќе ви помогне да соработувате со младите учесници уште во почетна фаза.

Слушајте го нашиот подкаст на тема „Младите: Еднакви, но различни!“

Добредојдовте во серијата на подкасти ДИГИ. Во оваа епизода зборуваме за тоа како најдобро младите луѓе од различна социјална средина да се вклучат во процесот на учество. Наш денешен гостин е д-р Аличја Павлуцук, истражувач и активен експерт за дигитална инклузија.

10 корисни совети кои треба да ги имате на ум за време на вашата фаза на идеја

  1. Поставете добар проектен тим
    Не е битно колку членови брои тимот, туку дали членовите од тимот ги имаат потребните вештини. Повеќе овде.
  2. Размислете какви ќе бидат вашите резултати
    Важно е да ги слушате желбите на донесувачите на одлуки. Затоа, размислете за изнаоѓање решенија за прибирање на податоци на најструктуриран и најкорисен начин.
  3. Поставете ги вистинските прашања во вистинско време
    Генерално, постојат два вида прашања: Ако сакате да соберете општи информации за некоја тема и да добиете чувство за целокупното гледиште на другите, поставувајте отворени прашања. За да добиете конкретни информации, поставувајте прашања од затворен тип. Повеќе овде.
  4. Изберете ги вистинските методи за да ги постигнете вашите цели
    Препорачливо е да користите онлајн и офлајн методи, средби и активности. Возможно е да имате само онлајн активност, но шансите за успешно да го спроведите проектот се зголемуваат доколку офлајн и онлајн активностите се спроведуваат заедно. Повеќе овде.
  5. Креирајте комуникациска стратегија која ќе биде видлива
    Веќе сте ги мапирале вашите целни групи – младите и донесувачите на одлуки – сега треба само да одлучите за главните пораки кои сакате да ги испратите и како тие пораки да стигнат до целните групи. Повеќе овде.
  6. Обезбедете им на младите учесници лесно достапни информации
    Информациите трба да ги содржат добрите и лошите страни на различните можности во зависност од различни засегнати страни. Ова е принцип на обезбедување експертиза и контраекспертиза за дискутираните прашања. Повеќе овде.
  7. Погрижете се за спроведувањето на офлајн настаните
    Откако ќе го одредите датумот за настан, треба да резервирате место. Доколку планирате да го спроведите настанот на некое конкретно место, да речеме градското собрание, можеби ќе ви биде полесно да прашате кога е достапно, а потоа да одлучите за датум. Повеќе овде.
  8. Подгответе план за онлајн комуникација со заедницата
    За доброто на самите учесници, внимавајте што објавуваат младите. Отстранете ги објавите што ги изложуваат личните податоци или не се во согласност со Кодексот на однесување. Ако одлучите да отстраните некоја од објавите, треба да го известите и корисникот за истото. Повеќе овде.
  9. Внимателно тестирајте го процесот на е-Учество пред да биде спроведен
    Одлично би било и вашиот проектен тим и младите учесници да бидат дел од процесот на тестирање и да дадат свој придонес/фидбек. Повеќе овде.
  10. Приватност и заштита на податоците: ОПИН е безбедно место
    Liquid Democracy, организацијата која го има домеинот ја одржува opin.me во согласност со европското законодавство за заштита на податоците. Дополнително, Liquid Democracy во согласност го исполнува законот за заштита на податоци на германскиот сојуз (BDSG). Доколку сакате малолетни лица да учествуваат во вашиот проект, потребна е согласност од нивните родители за тоа. Малолетно лице е лице кое нема полни 18 години. Повеќе овде.

Tекстовите и ресурсите на оваа веб страница се финансирани од Европската Комисијата, како дел од проектот Еразмус+ DIGY и се објавени под следнава лиценца:

License and Logos long