Наоѓање и следење на проекти


 

Како можам да најдам проекти?


Постојат различни можности за да ги најдете проектите што Ве интересираат. Само проверете ги двете верзии подолу и следете ги чекорите на кои укажуваат тие!

Можност 1: Најнови проекти на ОПИН

1.     Отворете ја почетната страница на www.opin.me/mk/

2.     Вртете надолу на почетната страница на ОПИН за да видите колекција од најнови проекти.

3.     Кликнете на проектот што Ве интересира.

 

Можност 2: Проекти подредени по организации и проекти.

1.     Кликнете на јазичето Учествувај, во насловот.

2.     Во горното мени изберете дали сакате да погледнете листа на сите организации или сите проекти достапни на ОПИН.

3.     Во паѓачкото мени на левата страна можете да одберете дали организациите/проектите се наведени по азбучен ред или од најнови до најстари. Можете исто така да барате организација/проект или тема во лентата за пребарување.

4а) Ако одберете да разгледате некоја организација:

Кликнете на организацијата која ја познавате и/или која Ве интересира и разгледајте ги сите различни проекти што ги извршуваат, и изберете го проектот што Ве интересира.

4б) Ако одберете да разгледате проекти

Вртете надолу сè до листата на проекти и кликнете на проектот што Ве интересира.

 

Иницијаторот на проектот одлучува колку долго ќе трае фазата (фазите) на учество. Ако има само уште неколку дена останати за учество, проектите ќе покажат уште колку дена или часови можете да учествувате во нив, на пр. ПРЕОСТАНУВА 1 ДЕН. Ако проектот е веќе завршен, тој ќе покаже ЗАВРШЕН знак.


Како можам да следам проекти?


Ако сакате да се информирате за важни настани во рамките на проектите што Ве интересираат, имате можност да ги следите. Проверете ги чекорите подолу и научете како да го направите тоа!

1.     Кликнете на проектот што Ве интересира.

2.     Кликнете на следи веднаш под насловот на проектот.

3.     Сега ќе добивате известувања преку и-меил и секогаш ќе бидете во тек со најновите вести за проектот што го следите!