Приватни и јавни проекти


Што се тоа приватни или јавни проекти?


На ОПИН ја имате можноста да креирате:

 

-       проекти што се достапни за сите регистрирани корисници на ОПИН (јавни проекти)

-       проекти што се достапни само за поканети корисници (приватни проекти)


 Како можам да изберам дали мојот проект ќе биде приватен или јавен?


1. Кликнете на arrowmini  веднаш до Вашето корисничко име во горниот десен агол и изберете го името на Вашата организација во паѓачкото мени.

2. Изберете го јазичето projects  Проекти во менито на левата страна.

3. Изберете проект и кликнете на уреди.

4. Кликнете на јазичето за основни поставки. Најдолу на формуларот ќе ја најдете можноста да изберете приватни или јавни проекти.

5. Изберете дали Вашиот проект ќе биде достапен за сите регистрирани корисници на ОПИН (јавен) или само за поканети корисници (приватен).

6. Кликнете на зачувај