Видови и функции на проектот


Кои функции можам да ги најдам на ОПИН?


ОПИН нуди различни алатки за учество од кои организациите можат да изберат, во зависност од мисијата на нивниот проект. Некои проекти може да се фокусираат на барање нови идеи, на пр., да се обнови училишниот двор, додека други имаат за цел да планираат офлајн состаноци или да дискутираат за сложени текстови, на пр. позициски документи. Основните функции коишто ОПИН ги обезбедува се:

 

1.     Креирање и разговарање за идеи - додавање идеи и коментари во врска со одредени прашања или проблеми

2.     Креирање и дискутирање на идеи на мапа - додавање и коментирање на идеи за просторни проекти

3.     Разговарање за текстови - додавање коментари на кој било пасус

4.     Заедничко одлучување - согласување/несогласување со идеи или коментари за да покажете што мислите и/или да го засилите процесот на донесување одлуки

5.     Поддршка за донесување одлуки - искажете го Вашето мислење и бидете дел од одлуките со учество во анкети


Кои видови на проекти можам да ги најдам на ОПИН?


Постојат различни видови на проекти кои содржат различни делови од овие функции. За брз преглед, проверете ја следнава листа на проекти. За подетални информации и примери, кликнете на проектот што Ве интересира!

 

-       Барање нови идеи (1)

-       Просторно барање нови идеи (2)

-       Предизвик на идеја (1, 4)

-       Просторен предизвик на идеја (2, 4)

-       Поставување на агенда (1, 4)

-       Преглед на текст (3, 4)

-       Анкета (5)