Импресии од денешната работилница и нови идеи

Оваа обука беше прекрасен начин на кој што ние учениците се запознавме со користењето на OPIN и научивме нешто повеќе за околината која што не опкружува нас и како да се грижиме за неа. Во денешно време се прават се повеќе и повеќе програми така што добро е што се запознавме со една од најновите. Научивме како се прави проект, како се оставаат коментари на истиот и слично. На овој начин, преку проектот, учиме и нешто повеќе за природата. Како треба да се грижиме за неа, дека не треба да ја загадуваме, треба да садиме се повеќе дрвја и растенија и слично. Околу проектот, би можеле потемелно да ги објасниме фазите во врска со природата, да ги анализираме малку повеќе. Еколошката свест на учениците треба повеќе да биде подигната, а тоа можеме да го направиме преку уште вакви активности каде што се запознаваме со животната средина. Сепак, доста научивме и од сето тоа што го сработивме. Секако, сето ова подобро го разбравме бидејќи предавањето беше добро. Тоа има доста ефект на начинот на кои што ние ги сфаќаме овие нешта. Наставникот треба да биде подготвен за часот и да се потруди се да ни објасни. Тоа беше така на нашата работилница со тоа што: наставничката имаше подготвено неколку воведни активности за да не запознае со главната активност, имаше подготвено за што ќе зборува на часот и целосно знаеше да ни ја објасни целта. Денешната работилница многу не научи на сите гледни полиња па затоа би било убаво да има што повеќе вакви воннаставни активности.

Commenti