დასრულდა

Евалуација на медиумска писменост кај младите во локалната средина

Серија на истражувања, анализи и анкети за да се утврди способноста на младите, критички да конзумираат вести, да препознаваат лажни вести, да проверуваат факти и се на се да ја унапредат медиумската…

ვადები

ინფორმაცია

Според нашите опсервации, забележавме недостаток на медиумска писменост кај младите во нашата средина. Со дигитализацијата на светот, медиумскиот спектар е поширок од било кога, односно луѓето конзумираат повеќе информации од било кога. Следствено, се зголемува и бројот на лажни информации кои можат да бидат навистина опасни за една индивидуа и една заедница на пошироко ниво. Нашата цел е да ја истакнеме важноста на оваа тема, да ја покренеме свеста за неа и да ги едуцираме младите во нашата средина со цел подобро ориентирање во медиумскиот свет и критичко конзумирање на информации. Нашиот акциски план има 3 главни точки:

  1. Собирање на информации и евалуација - Спроведување на анкета во локалната средина која има за цел да ги евалуира знаењата и способностите на младите во областа на медиумска писменост и утврдување на точност на информации.
  2. Обработка на добиените податоци - По спроведување на анкетата, во рамки на формираната работна група ги прегледуваме одговорите на анкетата и ги анализираме добиените податоци. Групата има за цел да ги толкува, односно да утврди слаби точки и често застапени верувања кај младите во оваа област за да се добие слика за состојбата. 
  3. Утврдување на следни чекори (решение) - Според изведените заклучоци, работната група во координација со менторот разгледува потенцијални следни чекори кои можат да се преземат за да се подобрат утврдените проблеми. 

შეკითხვების შემთხვევაში დაგვიკავშირდით

Елена Минговска

Булевар Илинден бр.101
1000 Скопје

ტელეფონი: 070 270 746

ელ.ფოსტა საიტი

მადლობა მონაწილეობისათვის!

ეს პროექტი უკვე დასრულებულია. მადლობა პროექტში მონაწილეობისთვის!

Фаза на гласање

Одговорете на прашањата и коментирајте за анкетата.

კომენტარები

ინიციატორს ჯერ არ ააქვს მითითებული ინფორმაცია პროექტის მოსალოდნელ შედეგებთან დაკავშირებით.