Постојано активирај ги и мотивирај ги младите преку интернет

До сега треба да го имаш подготвено секој детал за менаџирање на интернет мрежата, па од тука натаму треба само внимателно да се грижиш за онлајн заедницата на твоите млади учесници. Всушност како онлајн менаџер треба да ги моделираш дискусиите, да ги активираш младите и да внимавате на процесот на еУчество. Погледни ги Прирачниците на OPIN за да научиш повеќе за техничкиот дел кој можеш да го извршиш во твојата улога на онлајн менаџер (т.е. иницијатор и модератор).[1]

Процесот на еУчество се одвива подолг период па можеби ќе ти претставува предизвик да го задржиш вниманието на младите, но еве неколку совети како да го постигнеш тоа. Треба да осигураш добар дијалог помеѓу младите учесници. Ова значи дека ти треба да бидеш двигателот на добра врска и соработка со и помеѓу младите. Подршката и повратните информации се многу важни. Треба секогаш да им бидеш достапен и да одговараш на нивните прашања што е можно побргу, како лично така и преку меил, инаку тие ќе изгубат интерес. Запомни да бидеш концизен и јасен во комуникацијата, бидејќи тие ќе очекуваат од тебе да бидеш онлајн за нивните прашања.

Ако нивото на активност е ниско, ТИ треба да ги мотивираш младите да бидат поактивни. Да речеме дека е постирана некоја идеја. Треба да ги поттикнеш младите да ја развијат и да поставуваат охрабрувачки прашања, но внимавај да бидеш неутрален и да не фаворизираш некои идеи на сметка на други!

Друг начин да ги мотивираш младите во размена на мислења е да побараш од луѓето кои имаат придобивки од резултатите, да бидат онлајн во конкретен период. Така луѓето кои ги носат одлуките ќе можат да ги насочуваат младите или ќе одговараат на прашања со што ќе ги мотивираат. Кредитори или експерти исто може да бидат повикани во оваа група. Меѓутоа, пред да ја активираш оваа можност, внимавај на можноста дека некои од овие луѓе можат да влијаат на исходот од процесот, па така ТИ, како онлајн менаџер треба будно да следиш ова да не се случи.

И последно, како онлајн менаџер имаш важна улога да го одржиш онлајн процесот безбеден. За доброто на младите, треба да внимаваш што тие постираат. Треба да ги отстраниш постовите кои оддаваат лични податоци или не се во согласност со Кодот на Однесување[2] и што смее а што не смее да се постира, а е веќе однапред договорено. Ако одлучиш да отстрануваш постови, треба секако да го известиш корисникот.

Како што е предходно споменато во EUth препораките, малолетниците треба да користат псевдоними во OPIN платформата. Може да случи некои до нив да сакаат да го искористат фактот што не се знае нивниот идентитет да размислуваат и критикуваат на поостар тон. Без разлика на псевдонимот, ако им пречи на другите треба да го опомениш да ги почитува правилата. Ако ова не помогне, ќе треба да превземеш одговорност и да го исклучиш од проектот. Како и да е, има секако повеќе позитивни работи во користење на псевдоними за малолетниците!



[1] https://opin.me/en/help/user-manual/user-roles/

[2] OPIN Кодот на однесување е достапен овде : https://opin.me/en/code-conduct/