Услови за користење

Вовед

Преку регистрацијата, корисникот ги прифаќа општите услови и условите за користење на ОПИН.  Платформата ОПИН е управувана од Liquid Democracy e.V. Овие услови на употреба ги регулираат договорни односи помеѓу корисникот и ОПИН.   Корисникот се согласува за  користење на услугата OPIN преку договор со Liquid Democracy e.V. Натамошни материјали и информации за договорот можат да се преземат од Imprint.

1. Содржина

ОПИН им нуди на регистрираните корисници платформа коа е бесплатна, и  има за цел да се овозможи демократска дискусија и демократско донесување на одлуки. Актуелните теми се претставени од самите корисници, а не од Liquid Democracy e.V.

2. Регистрација, Начини на регистрација

2.1 Со цел да се користат услугите обезбедени од страна на ОПИН, корисникот мора да се регистрира.
2.2 Преку регистрација корисникот избира лозинка. ОПИН нема да ја даде оваа лозинка на трети лица и корисникот никогаш нема да биде прашан за оваа лозинка.
2.3 Преку завршување на процесот на регистрација, корисникот се согласува со условите за користење кои ги нуди ОПИН. ОПИН го прифаќа овој договор и се реализира преку активирање на корисничка сметка, така што услугите од ОПИН може да се користат.   Преку ова прифаќање, согласноста за договор помеѓу корисникот и Liquid Democracy e.V. се реализира.
2.4 Секој корисник е дозволено да се пријави само еднаш и соодветно на тоа се креира еден кориснички профил.
2.5 Liquid Democracy e.V. не може технички да утврди со сигурност, без разлика дали најавениот корисник на ОПИН е всушност лицето кој тој трди дека е. Liquid Democracy e.V. не го гарантира вистинскиот идентитед на корисникот. Секој корисник мора да ги убеди другите за својот идентитет.

3. Обврски на корисникот

3.1 Корисникот е должен да се придржува до правилата како што е наведено од страна на "кодексот на однесување" на Liquid Democracy e.V. и било какви релевантни одлуки на трети лица додека се користат услугите обезбедени од ОПИН.   На корисникот му е строго забрането да користи вулгарности, навредливи или погрдни содржини. Исто така, на корисникот му е забрането да малтретира други корисници на неразумен начин (особено преку спам) или да употребува содржина која е заштитена со законот (на пример: оние производи кои се заштитени со патент, авторски права, авторски, меѓународен дизајн или нов модел на IP закон) доколку не е јасно истакнато.
3.2 Корисникот е должен да се воздржи од следниве вознемирувања, дури и ако тие јасно не кршат правила или закони:

  • Испраќање ланец на пораки
  • Поставување или објавување на содржина која е во целост со комерцијална намера
  • Алудира или изразува сексуална комуникација
  • Секоја активност што се појавува, која може да влијае на функционалноста на инфраструктурата на liqd.net, особено активности кои намерно  прават стрес или напор на неговата функционалност.

4. Раскинување на договорот

4.1 Корисникот може да ја прекине неговата/нејзината бесплатна членарина во секое време без изразување на одредена причина. Терминација може да се преземе со пишување на е-маил на  info@opin.me. Корисничкото име и регистрираната адреса на електронската пошта се потребни за време на процесот на прекинување.
4.2 Liquid Democracy e.V го задржува правото да го прекине договорот со корисникот во секое време, се додека постојат доволно основи за тоа. „Важни основи“ се особено следниве појави:

  • Не се почитуваат законско утврдените прописи или упатства за активности.
  • Корисникот ги прекршува договорните барања во условите за договор.
  • Во случај да биде забележана основа, ОПИН може да ги донесе следните санкции за корисникот независно од прекинување на сметката:
  • Бришење на содржина објавена од страна на корисникот.
  • Блокирање на пристапот до услуги обезбедени од ОПИН.

5. Одговорност за содржината, податоците и информациите за корисникот

5.1 Liquid Democracy e.V организира и подготвува објави, првично собрани од трети лица на ОПИН.  Доколку било кој од овие работи ги прекршуваат одредбите од некој договор за трети лица или содржат кршење на закон, соодветниот креатор на објавата се смета за одговорен. Liquid Democracy e.V. не презема одговорност за било каква содржина, од било кој вид, ниту пак Liquid Democracy e.V. е одговорен за содржината, информациите, податоците или податоците на поврзаните надворешни веб-страни објавени од корисниците на ОПИН. Исто така, Liquid Democracy e.V. не е одговорен за точноста на објавените крајни рокови.
5.2 Ако било кој корисник препознае незаконски или договорно нелегална употреба / активност на OPIN, корисникот има можност да ја пријави оваа активност со помош на копчето "извести" кое е на располагање на сите страни на OPIN.

6. Ослободување

6.1 Корисникот ги ослободува Liquid Democracy e.V од сите обврски и барања, вклучувајќи ги и барањата за штети, наметнати од трети страни или корисници, како резултат на прекршувањата на договорните клаузули, направени од стана на корисниците, со објавување или активност на ОПИН. Исто така, корисникот ја ослободува Liquid Democracy e.V. од секакви барања, вклучувајќи  ги и барањата за штета, од трети лица како резултат на прекршувањата на договорните клаузули, направени преку употреба на ОПИН услугите од страна на сите корисници. Корисникот е одговорен за плаќање  на сите прифатливи трошоци кои се резултат на прекршување на условите, вклучувајќи ги сите трошоци заштитени од законот. Сите други форми на причини, права и барања надвор од горенаведените, како што се барањата за штета, остануваат неактивни. Гореспоменатите обврски на корисникот не се валидни доколку тој не е одговорен за прекршувањата.
6.2 Доколку се случи прекршување на правата од трети лица преку објави на корисникот, правото на корисникот на ОПИН, да ги користи услугите на ОПИН ќе биде во согласност со одлуката донесена од страна на Liquid Democracy e.V., за нанесување на штета на корисникот од страна на трети лица. Во тој случај корисникот ќе стави крај на незаконското користење на услугите согласно правилата на OPIN.

7. Приватност

Liquid Democracy e.V. се свесни дека разумното користење на личните податоци добиени преку OPIN е од исклучително значење за корисниците. Затоа Liquid Democracy e.V. се придржува до сите релевантни законски барања за приватност (како што Германскиот закон за заштита на приватност, Европскиот закон за приватност, како и сите други применливи закони за лична приватност). Liquid Democracy e.V. нема да пренесе било какви лични податоци на трети лица, освен ако не се овластени лица. Особеностите за тоа како се обработуваат податоците на корисникот се направени експлицитно во правилата и условите за приватност на Liquid Democracy e.V. кои се достапни на OPIN.

8. Содржински права

8.1 Со објавување на пост/содржина корисникот им дава на Liquid Democracy  e.V. неограниченo, неотповикливo и преносливо право на користење на објавите, а тие за возврат даваат безбедност за трајно одржување на објавувите на нивната веб-страна.
8.2 Liquid Democracy e.V ги воведува своите корисничко-преносливи права под Creative Commons-by-SA-licence.

9. Завршни одредби

9.1 Договорот и измените на договорот мора да бидат во пишана форма. Споредни договори не се валидни.
9.2 Место на исполнување,  Берлин, Германија
9.3 Местото на надлежност, до степен до кој тоа е законски применливо е Берлин.
9.4 Овој договор според Германскиот закон, со исклучок на меѓународното приватно право и исклучок на пренесеното право од ОН Конвенцијата за договори за меѓународна продажба на стоки во германскиот систем, е валиден.

Би сакале да им се заблагодариме на bewegung.taz.de за нивните насоки и дефиниција за формирање на овие услови на употреба.

Feedback