Поставувај ги вистинските прашања во вистинското место и време

За да добиеш корисни одговори, мора да ги поставуваш корисни прашања – а ова се однесува на поставувањето на прашањата на вистински начин. Оваа задача обично трае повеќе време од што очекуваш поради тоа што формулирањето на корисни прашања може да биде многу тешко. Од една страна, прашањата треба да бидат јасни и интересни за млади луѓе, а од другата треба да се во можност да носат резултати. Нашиот најдобар совет е да се започне со смислување на прашањата што е можно порано и да не се чека до последниот момент. Испробај ги прашањата во твојот тим и најдобро кај млади луѓе и луѓето кои ги донесуваат одлуките и искористи го потоа нивниот фидбек за да ги промениш. Оваа вежба најверојатно ќе биде задача која се повторува, но на крајот твоето време ќе биде паметно потрошено.

 

Општо гледано постојат два вида на прашања: отворени и затворени. Кој вид на прашање треба да го поставуваш го одлучува исходот кој сакаш да го добиеш. Отворените прашања те обезбедуваат со квалитативно знаење, додека затворените прашања обично произведуваат да и не одговори. Двата вида на прашања имаат предности и недостатоци. На пример, отворените прашања можат да генерираат огромен број на податоци, додека затворените прашања можеби нема да ги прикажат нијансите позади одговорите.

 

Примери за отворени и затворени прашања

Отворени:

  • Што мислиш за предлогот да се изгради нова младинска куќа во твојот град?
  • Како ти би го потрошил/а буџетот?
  • Кои младински активности му недостасуваат според тебе на нашиот град?

Затворени:

  • Дали платформата на OPIN е едноставна за употреба? Да/не
  • Дали би се зачленил/а во спортскиот клуб? Да/не
  • Дали имаш кориснички профил на Instagram? Да/не

 

 

Додатно на ова, треба да размислиш за тоа дали одредено прашање треба да им се презентира на младите лично или преку интернет. На пример, размисли два пати дали ќе дебатираш за чувствителни теми на интернет. Имај во предвид дека мислењата на одредени теми кои се изјавуваат на интернет живеат подолго од оние кои се изјавуваат лично. Целосно отстранување на нешто што е напишано на интернет се докажува како невозможно. Така да, кога го планираш твојот проект, треба да размислиш дали твојата тема на дебатирање е навистина соодветна за платформата на OPIN, или би било подобро да дискутираш за аспектите на истата на настан на кој што ќе присуствуваш лично. Колку е почувствителна темата, толку посилно може да биде изразувањето на мислењата.