Компонирај комуникациска стратегија за јавна видливост

Намената на комуникациската стратегија е да се подигне свеста за твојот проект. Ова е посакувано од две причини: 1) Да го придобиеш вниманието на млади луѓе за тие да учествуваат во твојот проект; и 2) за да постигнеш влијание со твојот проект. Комуницирањето околу твојот проект ќе ја зголеми неговата видливост со што надежно ќе се зацврсти посветеноста како на младите учесници така и на луѓето кои ги донесуваат одлуките.

Треба да спремаш стратегија која ќе ја има на нишан секоја од твоите целни групи. Компонирањето стратегија може да биде сложено, но немора да биде. Веќе ги имаш обележано твоите главни целни групи – младите луѓе и оние кои ги донесуваат одлуките – така да сега преостанува уште да одлучиш кои главни пораки сакаш да им ги испратиш и како да ги испратиш овие пораки. Креативноста не познава граници во врска со тоа каков може да биде начинот. На пример може да бидат промоциони налепници за лаптопи или приврзоци за клучеви, настани во локални училишта, видеа на YouTube со млади проектни амбасадори кои ќе го застапуваат проектот, проектни флаери, интервју во локален весник, соопштение за медиумите, итн. На крај, како ќе ја испратите пораката зависи од посакуваната цел на истата и ресурсите кои стојат на располагање.

Покрај младите луѓе и донесувачите на одлуките, може да биде корисно да комуницираш за твојот проект и со поширока публика. Овој труд ќе ја зголеми свеста за твојот проект, и потенцијално ќе придобиеш важни акционери, кои дури можат да ти помогнат да ја испратиш твојата порака. Додека сме кај акционерите, треба да почнеш со идентификување на луѓето и организациите кои исто така имаат удел во одлуките кои треба да се донесат или општо во младинското еУчество. Правејќи го ова треба да размислуваш обемно – како во врска со различните типови на акционери (од големи компании па до мали групи со интерес) така и на целиот спектар на интерес.

Наредниот чекор е да спремиш насочен комуникациски труд. Ова вклучува правење на краток преглед на различните средства на комуникација кои што ќе ги користиш за да комуницираш со твоите различни целни групи. Погледни упатствен пример подолу којшто секако може да биде и поопширно објаснет:

mk guid

Важно е да ја сметаш комуникацијата за континуирана задача во текот на сите фази од твојот проект. Континуирано ги известувај младите, донесувачите на одлуките и акционерите околу случувањата за да го задржиш нивното внимание. За да си ја олесниш оваа работа, ние препорачуваме спремање на детален план во кој секоја комуникациска активност е опишана и терминирана. Земи го времепловот на твоите проектни активности како почетна точка. Првата порака која што можеш да ја испратиш на пошироката публика е дека, да речеме, општината е во процесот на организирање на младински проект за еУчество – ова е приказна за себе. Многу е важно да започнеш што е можно порано со комуникацијата околу проектот, за да е веќе препознатлив уште пред процесот на учество да започне. А кога веќе зборуваме за почетокот, организирај големо отварање на проектот коешто ќе ги убеди сите да учествуваат!

Ако организацијата на твојот проект сè уште не е застапена на социјалните мрежи (СоМр) , можеш да креираш сметка на еден или неколку од каналите. Се разбира дека треба да ги избереш каналите на коишто веќе младите луѓе се застапени, така што ќе ги гледаат твоите постови и твитови, и можеби дури и ќе ги споделат со својата мрежа. Ако имаш назначено водечки одбор од млади репрезентативци, прашај ги кои канали на СоМр се најчесто посетувани бидејќи ова многу зависи од државата и возрасната група. Дополнително, може да биде корисно да креираш хаштаг (#) за твојот проект на учество, за да го олесни онлајн дијалогот околу твојот проект, не само на платформата на OPIN, туку исто така и на различни канали на СоМр.

И едно последно нешто: Кога ги дизајнираш твоите комуникациски производи, биди сигурен дека ќе  избегнуваш нарушувања на авторски права! Сè од фотографии, гласовни снимки до литературни изработки може да биде заштитено со авторски права.

Погледни ја Creative Commons[1] за повеќе информации на оваа тема.

 

Што е корисно да се знае за младите и нивните комуникациски навики?

·       Од каде добиваат тие вести?

·       Кои СоМр канали тие користат?

·       Кога се вклучени?

·       Кој вид на уреди тие најчесто користат? (пр. паметен телефон, таблет, и лаптоп)

 

Како да дојдеш до одговорите? Почни со тоа да ги прашуваш младите претставници!



[1] https://creativecommons.org/