Подгответе го менаџирањето на интернет мрежата

Клучот за успешен проект на еУчество е добар менаџер на интернет заедницата. Менаџер на интернет заедницата е нешто помеѓу чувар и пријател кој се грижи сè да се одвива како што треба. Ако се случи дискусиите да тргнат во друг правец, треба да ги вратите на темата. И најважно, не оставајте ги младите корисници сами 24 часа. Да се биде менаџер на интернет заедницата е повеќе од обична работа од 9 до 5. Меѓутоа, разбирливо е дека не можеш да бидеш вклучен/а и дење и ноќе. Затоа, пред да го поставиш проектот, треба да одлучиш колку често и кога ќе бидеш достапен/на на интернет, и ова да им го објасниш на младите учесници. Ако не можеш да бидеш достапен/на после работните часови, извести ги младите кога можат да очекуваат одговор.

За доброто на младите учесници, треба да внимаваш што тие постираат. Треба да отстрануваш објави кои оддаваат лични податоци или не се во согласност со Кодексот на Однесување.[1] Ако одлучиш да отстраниш нешто секако треба да го известиш и корисникот.

Како што веќе спомнавме погоре треба да внимаваш како твојот проект ќе влијае врз приватноста на учесниците.[2] Врз база на ова ќе треба да поставиш јасни правила на однесување на интернет како на пример што смее а што не смее да се прави. За да ги зачуваш активностите на интернет што ги прават учесниците безбедни, корисно е да организираш состанок лице во лице и да се постават правила за онлајн размислувањата. Можеш да им презентираш и некои вештини како добро да дебатираат на интернет. Повеќе за ова во Фазата на Учество, каде можеш да прочиташ повеќе и за улогата на интернет менаџерот откако ќе го започнеш процесот на еУчество!

 

OPIN препораки за што треба а што не треба да прават учесниците

Треба:

Да користат псевдоними во OPIN платформата ако се малолетни.

Често да ја менуваат лозинката.

Да ги почитуваат другите кои придонесуваат и да постираат конструктивни мислења.

 

Не треба:

Да објавуваш лични податоци за себе или други.

Да изјавуваш нелегални, неетички и несоодветни мислења.

 



[1] погледнете го Кодот на Однесување на OPIN овде: https://opin.me/en/code-conduct/

[2] погледнете го насловот Постави го точното прашање на вистинско место.