Приватност и заштита на податоци: OPIN е безбедно место

 

Придржувајќи се кон регулативите за приватност и заштита на податоци? Уф, нели тоа звучи како големо ветување? Верувајте ни – не е!

 

OPIN е безбедно место. EUth проектот и „Liquid Democracy„, кои ќе ја водат и одржуваат opin.me, се придржуваат кон Европската легислатива за заштита на податоци. Додатно, Liquid Democracy особено го исполнува Германскиот закон за заштита на податоци (BDSG). Оваа легислатива опишува како да се однесуваш со собирање, обработка или користење на лични податоци. На пример, да се осигураш дека авторизирани корисници на системот за обработка на податоци можат само да влезат до податоците од нивното ниво на авторизација, и дека личните податоци во нивното обработување, користење и потоа складирање неможат да бидат прочитани, копирани, изменети и отстранети од неовластени лица.

 

EUth проектот и Liquid Democracy дури одат и понатаму: Податоците пренесени преку OPIN се чуваат на Европски сервери и не се даваат на трети странки. За процесот на регистрањето, OPIN бара само малку податоци, и тоа корисничко име и лозинка. Исто така, можно е и да се користат псевдоними при регистрација на OPIN.

 

Доколку сакаш малолетници да земат учество во твојот проект ти треба согласност од родителите за тие да можат да учествуваат. Малолетен е младо лице под 18 години. Кога малолетниците се пријавуваат на OPIN, тие се изјаснуваат преку нивната регистрација дека нивните законски старатели се согласуваат со учеството на нивниот син или ќерка.[1] Имај на ум дека е можно малолетниците да се регистрираат на OPIN без да ги вклучат нивните законски старатели во оваа одлука – но ти нема да бидеш правно одговорен, доколку тоа се случи. Но еден начин да ја избегнеш оваа ситуација е да ги вклучиш родителите или законските старатели повеќе во твојот проект.

 

Исто така, те советуваме да ги следиш овие основни совети:

 

·       OPIN силно ти препорачува да ги советуваш твоите учесници под 18 години да користат псевдоним како нивно корисничко име онлајн.

·       Еднакво е важно да ја подигнеш свеста помеѓу учесниците за тоа да не откриваат лични податоци на платформата. Оваа тема можеш да ја споменеш при личните настани и/или јасно комуницирај за ова директно на OPIN. Внимателно менаџирање на интернет/модерирање на интернет мрежата и проверување на објавите на учесниците се две дополнително важни средства за да се избегне откривање.

·       За време на лични настани (лице-во-лице), треба да побараш дозвола да ги сликаш учесниците. Доколку учесниците се малолетници, треба да вклучиш кутија со формулари за согласност, за да можат законските старатели да дадат нивна согласност и за тоа.

·       Ако собираш лични податоци за твоите учесници не смееш да ги споделиш со трета странка. Личните информации вклучуваат сè по што може да се идентификува едно лице. Треба личните податоци да ги чуваш одделно од информациите што си ги собрал за време на настаните на проектот.

Ако некогаш се сомневаш дека твојот проект е законски согласен или имаш прашања за заштита на податоците, треба да ја контактираш Управата за национална заштита на податоци.[2] Секогаш е подобро да си на сигурно кога станува збор за приватност и лични податоци!



[1] Види го објектот број 3 од OPIN Полисата за Приватност: https://opin.me/en/privacy-policy/

[2] http://ec.europa.eu/justice/data-protection/article-29/structure/data-protection-authorities/index_en.htm