Побарај од младите да оценуваат и да прават евалуација

Евалуациските активности се двострани. Прво, ти служи на тебе за да научиш што било добро а што можеш да направиш поинаку наредниот пат кога ќе правиш сличен проект. Второ, документацијата им е потребна и на луѓето кои одлучуваат. Ако проектот добие позитивни оцени, тоа ќе ги зголеми шансите за и други проекти со еУчество да добијат подршка во иднина. На пример, ако 99% од младите одговорат дека пак би се вклучиле во ваков сличен проект, тоа зборува само за себе. И ако младите позитивно ја оценат организацијата на твојот проект, можеби луѓето кои одлучуваат ќе побараат од тебе и твојот тим да го организирате и наредниот ваков настан. Подолу имаме примери за евалуација од кои можеш да црпиш инспирација.

Инспирирачки Да/Не прашања за форма на евалуација

 

·       Дали материјалите и видеата беа балансирани и информативни?

·       Дали имаше различни и спротивставени мислења во дискусијата?

·       Дали генерално си задоволен од организацијата на проектот?

·       Дали веруваш дека резултатите ќе бидат корисно употребени за донесување политички одлуки?

·       Дали проекти како Младите Одлучуваат треба во иднина да се организираат за различни или слични прашања?

·       Дали повторно би се вклучил во проект како Младите Одлучуваат?

 

 

Бројките често кажуваат многу, но не СЀ. Ако сакаш да знаеш што поточно можеш да подобриш ќе ти требаат поквалитетни информации исто така. Еден начин да го дознаеш тоа е да поканиш по случаен избор неколку учесници – или твојот Управен Одбор – за евалуациски состанок неколку денови по настанот. Друг начин да добиеш позитивен публицитет е да направиш кратки видеа каде младите учесници ги споделуваат своите импресии од проектот.  Освен што ќе им ги покажеш видеата на луѓето кои одлучуваат, овие видеа можеш да ги споделиш на каналот на СоМр и да ги искористиш за регрутација на нови членови нареден пат кога ќе планираш проект со еУчество. Пред тоа, осигурај се младите кои се снимени да ти дадат согласност за да можеш да ги споделиш или да ги искористиш видео материјалите на друг начин во иднина.