Треба да ги собереш сите членови на тимот за целосна евалуација. Пред овој состанок многу е корисно ако членовите веќе имаат направено анализа на повратните информации од учесниците, па тие коментари бидат вклучени во дискусијата. Ако правиш повеќе настани треба да учиш од фидбекот и да ги прилагодуваш твоите активности.
Без разлика дали активноста е лице во лице или е онлајн, клучната фраза е: Бидете во тек! Треба да ги известуваш младите учесници за напредокот на твојот проект. Треба да дискутирате за резултатите од некој настан и да видите какви се тие и како ќе се искористат. Со ова ќе им покажеш дека нивните придонесувања се важни, се земаат во предвид и така ќе ги мотивираш да останат вклучени во проектот.