Пред да го дизајнираш твојот процес за учество и да ги избереш твоите методи, многу е важно да имаш јасна идеја околу тоа од кој формат треба да го имаат твоите резултати. Овде е многу важно да ги слушаш желбите на оние кои ги донесуваат одлуките. Ако изразиле желба за првите 10 препораки од млади луѓе, а ти им доставиш каталог со повеќе од стотици идеи, веројатноста воопшто да ги земат резултатите во предвид е многу мала.
Меѓутоа, можно е прелиминарниот резултат да е каталог со идеи кој потоа ќе биде претворен во препораки во наредните чекори на проектот. Ова е исто така нешто за коешто треба да размислиш додека го дизајнираш твојот проект: Кој вид на резултат треба да оди напред во наредните активности на проектот?
Размисли и за износот на податоци коишто секој чекор од процесот на учество потенцијално може да ги генерира. Последното нешто коешто сакаш да го правиш е да го потрошиш целото твое време собирајќи и анализирајќи податоци. Затоа размисли за некое решение како да ги собираш податоците на што е можно најорганизиран и корисен начпн.