Во наредните четири поглавја, упатството на OPIN цели кон тоа да ти помогне да ги искористиш сите бенефиции кои што младинските проекти на еУчество можат потенцијално да ги нудат. Поглавјата ќе те водат низ различните чекори од младински проект за учество. Некои од советите и триковите кои се дадени можат да се соодветни општо за процесите на учество, додека други се соодветни конкретно за младински процеси на еУчество.
Пред да ги прочиташ советите и триковите од упатството на OPIN е важно да имаш на ум дека еУчеството е само еден граден елемент на твојот проект. Како прво, еден процес на еУчество не е само за поставување на карактеристики на онлајн учество: има повеќе градни елементи кои го опкружуваат или се интегрален дел од процесот на еУчество. Исто така овие градни елементи треба да ги изградиш пред, за време на или после траењето на процесот на еУчество за да го направиш твојот проект успешен. Како второ, процесот на еУчество никогаш не е изолирана активност. Тоа е дел од поголем политички процес над којшто можеби имаш или немаш контрола и околу којшто исто така треба да бидеш добро информиран. Само тогаш ќе бидеш во можност да дизајнираш проект којшто е соодветен и ќе добие значајни резултати коишто навистина би можеле да се искористат за нешто.
Упатството на OPIN е структурирано хронологично според следниве четири фази на проектот:
Фаза на идеи
Суштината на оваа фаза е да го оформиш твојот проект на еУчество и да ја придобиеш поддршката на оние кои ги донесуваат одлуките.
Фаза на подготовка
Во оваа фаза сѐ се врти околу конкретизирањето на твојата проектна идеја и нејзиното детално поставување.
Фаза на учество
До сега твојот проект треба да биде подготвен до детали, така да во оваа фаза се работи за неговото извршување.
Фаза на исход
Главната цел на оваа фаза е да постигнеш да ги направиш резултатите на твојот проект на еУчество да влијаат.
Во употреба, оваа хронологична структура најверојатно ќе биде преоптеретена поради тоа што често ќе се појави вплетување на различните фази. Истото важи и за советите и триковите за подобри и повеќе младински проекти на еУчество кои спаѓаат под различните фази. Но сѐ додека добро размислиш околу проблемите кои ти се презентирани во упатството на OPIN, твојот проект е во добри раце.