Дали си навистина подготвен да им дозволиш на младите луѓе да влијаат на одлуките во кои тие треба да помогнат да се обликуваат и/или да ги донесат? Ако твојот одговор на ова прашање е да тогаш скокни го овој параграф. Ако се двоумиш те молам продолжи со читање.
Не поставувај прашање на кое не сакаш да добиеш одговор! Кога ќе добиеш одговор имаш обврска да се трудиш и да го почитуваш при процесот на донесување одлуки. Ако немаш намера да го сториш тоа, тогаш немој да го трошиш времето и трудот на младиот учесник.
Младинско еУчество не функционира кога...
· Го правиш проектот за да им држиш лекција (попуваш) на младите и да ги убедиш да се однесуваат на одреден начин.
· Го формираш проектот без да земеш во предвид што ќе им одговара на младите кои би сакал да учествуваат.
· Ги прашуваш младите да дадат свои мислења во процесот на одлуки, но немаш намера да ги земеш во предвид мислењата при самите одлуки.
· Бараш многу мислења и идеи, но цело време ги анализираш и преиспитуваш наместо да ги вреднуваш.