Означи ги твоите подржувачи со моќ да одлучуваат

Наредното прашање кои треба да си го поставиш е: Чија подршка ти е потребна за твојот проект да биде валиден и да ги постигнеш неговите цели?

Листата на можни извори за идеи за проект е секако бесконечна. Меѓутоа, едно прашање ги дели проектните идеи на две групи а тоа е дали имаш подржувачи со моќ на одлуки на твоја страна. Ако работиш во јавна администрација, да речеме во општина, проектот можеби е инициран од градскиот совет а ти треба да го реализираш. Тогаш одговорот е лесен. Како и да е, дури и кога ги имаш подржувачите кои можат да носат одлуки од почетокот на проектот, многу е важно да знаеш кои се вистинските подржувачи. Многу е веројатно дека НЕ сите од градскиот совет гласале во полза на реализирање на проектот. Да речеме само, треба да знаеш кои ти се пријатели а кои непријатели. Тогаш ќе знаеш на која подршка можеш да сметаш, а кого треба да придобиеш.

За проектни идеи кои сеуште немаат подrшка од оние со моќ на одлучување, еве неколку совети како да ја промените таа ситуација. Кога ќе знаеш веќе чија подршка ти е потребна, треба да се сретнеш со нив, да им ја презентираш твојата идеја и да ги убедиш во полза на твојот проект. Ако имаш потешкотии да добиеш информации за потенцијалните кредитори и подржувачи, тогаш искористи ја твојата мрежа. Можеби некој кој го познаваш знае некој којшто работи во канцеларијата на градоначалникот. Побарај од него да ти помогне да закажеш состанок со градоначалникот. Друг начин да им го привлечеш вниманието е да напишеш мал оглас во локалниот весник или земи учество во некој политички настан каде ќе можеш да се претставиш и на кратко да ја презентираш твојата идеја.

Подготовка за подржувачи со моќ на одлуки: Како да ги придобиеш

Нагласување на потенцијални придобивки од процесот со еУчество

-        Учеството и искуството во процес на одлуки ќе ги поткрене младите да бидат поактивни во граѓанските општество. Ова искуство многу веројатно ќе ги поттикне да бидат политички поактивни.

-        Ќе можете да се сретнете и запознаете со младите идни гласачи.

-        Ако ги земете во обзир мислењата на младите, крајниот резултат ќе биде поширок, легитимен и прифатен.

-        Вклучувајќи ги младите во еден отворен и транспарентен процес на донесување одлуки ќе се зголеми нивната доверба во твојата организација.

-        Заедничките активности можеби ќе го привлечат вниманието на медиумите. Нема ништо подобро од позитивен прес!

 

И обиди се да дадеш колку што е можно повеќе конкретни примери! Можеш на пример да презентираш успешни стории од организации слични со твојата за да ги прикажеш придобивките од успешен процес со еУчество. Привлечи ги со чувството  „ И јас го сакам тоа“.

 

Невозможно е да ги придобиеш луѓето што одлучуваат да го подржат твојот проект, тогаш истражи зошто е тоа така. Три главни компоненти зошто е тоа така се следниве:

  • Мислење 1: Не владее позитивна волја да им дозволат на младите луѓе да влијаат на одлуките. Тогаш треба да се бориш! Ако немаш директни врски на ниво на одлучување тогаш пробај да склучиш договор со влијателните заинтересирани страни кои ќе можат да влијаат на одлуките.
  • Мислење 2: Владее позитивна волја, но не им се допаѓа твојата идеја. Тогаш преформулирај ја и цели кон нешто повозможно. Треба и да го реанализираш процесот на одлуки. Можеби нешто погрешно имаш разберено и интервенираш на погрешен начин.
  • Мислење 3: Откажи се. Понекогаш едноставно е погрешно време и место. Наместо тоа насочи ја твојата енергија барајќи нова можност за еУчество.

Кога ќе ја имаш подршката на луѓето со моќ на одлучување, направи договор со нив. Договорот може да биде еден параграф кој ќе биде вклучен во јавната верзија на описот за проектот. Овој параграф треба да содржи колку што е можно повеќе детали како конкретно кредиторите ќе го искористат резултатот од проектот. Договорот е начин да се осигураш дека тие нема да се повлечат од нивното ветување да им дозволат на младите да влијаат на процесот во донесувањето одлуки.