Оваа фаза е првиот чекор во остварувањето на проектот којшто си го грубо дизајнирал/а во фазата на идеи. Фазата на подготовта е најчесто онаа којашто најмногу одзима време, па осигурај се дека ќе и доделиш доволно време, за се да ти биде приготвено за фазата на учество.
Кратко кажано, во фазата на идеи се се врти околу оформувањето на твојот проект во привлечен за младите и придобивањето на поддржката од донесувачите на одлуки. Сега е време да ја конкретизираш твојата идеја за проектот и да ја поставиш во детали, така да можеш да ги постигнеш твоите цели.