Најдобриот начин да се осигураш дека твојот настан тече како што имаш планирано и посакувано е да разработиш чекор по чекор упатства и водич за целиот настан. Во овој контекст, упатството чекор по чекор е документ каде сите точки од програмата се разработени во детали, па секој член на тимот знае точно што да прави и каде. Корисно ќе биде ако направиш и индивидуални упатства за секоја назначена улога во настанот. Подолу можеш да видиш пример за чекор по чекор упатства за менаџер на проектот кој ја има одговорноста за координирање на работилница.