Се надеваме дека имаше поддржувачи кои на почетокот ветиле дека ќе ги земат во предвид резултатите на проектот. Твоја одговорност е да се осигураш дека ќе стојат на својот збор. Ако никој не го ветил ова, треба да продолжиш да ги убедуваш луѓето кои ги донесуваат одлуките за важноста на вклучувањето на млади луѓе во одлуките кои треба да бидат донесени.
Најдобриот начин да ги презентираш твоите резултати на луѓето кои ги донесуваат одлуките е да се сретнеш со нив лично. Електронска порака со прикачен извештај се чита многу ретко. Состанокот за презентација може да изгледа различно зависно од тоа на што ќе се согласат луѓето кои ги донесуваат одлуките. На пример, ако твојот проект е извршен во општина може да организираш прес конференција на која што ти и други млади ќе им ги презентирате резултатите на луѓето кои ги донесуваат одлуките и на други акционери. На овој начин резултатите ќе бидат пошироко споделени и можеби тоа ќе ги примами медиумите да го емитуваат настанот. Ова дополнително ќе им створи притисок на луѓето кои ги донесуваат одлуките да ги сослушаат мислењата на младите. Состанокот, се разбира, може и да биде од помал обем. На пример, можеш да ги презентираш резултатите на состанок на општинскиот совет или да се состанеш билатерално со донесувачите на одлуките за да ги споделиш резултатите со нив. Значи твојата имагинација ги поставува границите.
Треба да бидеш добро подготвен/а за овие состаноци. Донесувачите на одлуки може да ти постават клучни прашања за проектот коишто треба да бидеш подготвен/а да ги одговориш. Прашањата со кои ќе се соочиш се често околу бројот на учесници, репрезентацијата, легитимноста на резултатите, неутралноста на информациите, и тн. Затоа, пред овој вид на состаноци, треба да го собереш твојот проектен тим или твој слушател и да ги разгледаш потенцијалните прашања и да припремиш одговори на нив.
Еден состанок со донесувачите на одлуките обично не е доволен. Треба да ги потсетиш на уникатните резултати кои што си им ги презентирал/а. Со други зборови, не треба да се откажеш премногу рано, туку да бидеш упорен/на, и се надеваме дека ќе ти се пружат нови можности на влијание.