Формирај одличен тим за проектот

Клучот за одличен проект на еУчество е професионален и посветен тим. Лидерот на тимот на проектот е проект – менаџерот којшто треба да ја гледа поголемата слика, да ги координира сите задачи на проектот и да се осигура дека секој член да тимот се држи до роковите и буџетот. Поседувањето на способноста да држиш повеќе топки во воздухот е затоа клучно за да бидеш силен проект - менаџер.

 

Меѓутоа, не се само важни добрите вештини на проектниот менаџмент:

Компетенции кои што ќе бидат корисни во поставувањето на успешен проект за еУчество:

·       Силен проектен менаџмент и организациони вештини

·       Добри вештини за меѓучовечки односи

·       Силни комуникациски вештини

·       Одлични вештини за олеснување

·       Информатички познавања

·       Познавања околу дизајнирање на проекти за учество

·       Познавања околу процеси на донесување на одлуки

·       Пристап ориентиран кон наоѓање решенија

·       Креативен ум  

 

 

Во некои случаи, еден човек може да ги поседува сите компетенции наведени погоре. Сепак е строго препорачано да се има барем слушател. Личност којашто ќе игра улога на слушател може да го заврти твоето внимание кон нешта коишто си ги пропуштил, да ти даде нови идеи за преминување на препреки и тн. Во секој случај, барем во активности на кои мора лично да се присуствува, ќе ти треба асистенцијата на твоите соработници затоашто не можеш да бидеш на повеќе места истовремено. Сè на сè, најважното не е бројот на членови на тимот туку дали во тимот се присутни потребните компетенции. Ако тимот ти се состои од повеќе од една личност, важно е да се состанувате редовно, така да секој е во тек со најактуелните развивања на проектот.

 

Ако буџетот ти е ограничен и ти треба додатна помош можеш да регрутираш волонтери. Да се биде дел од организаторниот тим е добар начин, особено за млади луѓе, да запознаат нови луѓе, да се заинтересираат за политика и да развијат нови вештини коишто потоа можат да ги додадат на своето CV. Но имај во предвид дека волонтерската помош не е секогаш толку сигурна како и платената.