Биди јасен во твоите цели од почетокот

Прво што треба да се запрашаш е:

  • Зошто го започнуваш проектот?
  • Зошто младите треба да бидат вклучени во него?

Ако веќе работиш тимски на проектот, многу е важно секој член да ја знае вистинската цел. Кога сите ќе имаат јасна претстава за целта, запиши го тоа. Секогаш ќе можеш да се навратиш на запишаното ако стане тешко да се фокусираш.

За точно да се дефинира целта на проектот, треба да се разбере и мапира процесот на донесување одлуки во кои сакаш да интервенираат младите. Полесно ќе биде да се формира проект еУчество ако точно се знае каде се одлучува во процесот. Тоа обично не е во твоја контрола, но пробај да се вмешаш колку што е можно порано!

 

Пример за процесот на донесување одлуки

 

Процедура за консултација во Данска општина – опции каде да се интервенира во процесот на еУчество

 

1)      Администрацијата подготвува случај за иден станбен проект за млади луге.

2)      Можност за Граѓанско учество или дијалог со актионери и експерти – интервенирај!

3)      Администрацијата подготвува препораки за градскиот совет.

4)      Градскиот совет поминува низ случајот за прв пат и одлучува за реализација на консултациската процедура.

5)      Консултациска процедура – интервенирај!

6)      Администрацијата подготвува препораки за градскиот совет. Одговорите од консултациите се вклучени во препораките.

7)      Градскиот совет го разгледува случајот повторно и конечно одлучува за станбените прашања на младите во општината.