Веќе сега би требало да имаш собрано важни информации и податоци од младите луѓе и луѓето кои ги носат одлуките и истите да го земеш во обзир. Кога ќе го модифицираш и пошироко разработиш твојот проект, треба да им испратиш копии и на младите претставници и на оние кои одлучуваат. Или уште подобро, повторно закажете им состанок. Има две главни причини за ова: прво, со тоа покажуваш транспарентност во процесот, и второ, и двете групи ќе можат да видат дека си го слушал нивното мислење. Ова уште еднаш ќе го зајакне чувството на припадност кон проектот што најверојатно на крај ќе се исплати. Така да, продолжи да ги вклучуваш и да се консултираш со нив низ сите фази од проектот!