Во основа, младите луѓе се повеќе активни корисници на форуми на интернет и социјални мрежи отколку постарите граѓани и потешко можеш да ги вклучиш во процеси на учество „очи-во-очи„, како што се работилниците и состаноци во градските сали. Еден одговор на тоа е да се дизајнира учеството „очи-во-очи„ на таков начин што би бил попривлечен за младите луѓе. Друг е да се состанеш и контактираш со нив онлајн, што е главна причина затоа да се развие OPIN платформата. Меѓутоа, има и други аргументи за избор на методите на еУчеството како замена за – или дополнување на – методот на учествување „очи-во-очи„:
Важно е да се биде свесен за фактот дека горе наведените аргументи се само потенцијални добивки кои можеби не се однесуваат на процесот за младинско учество кој што ти го планираш. Твојот процес можеби нема потреба да биде независен од просторот и времето; еУчеството може да биде скапо во друг поглед отколку учеството „очи-во-очи„ (пр. времето потрошено за задржување на учесниците ангажирани и софтверски лиценци); често е потешко отколку што се очекува за да се привлече голем број на учесници; и претераното фокусирање на транспарентноста може да резултира да учесниците се изгубат во деталите. Но ова OPIN Упатство е твојата помош. Тоа ќе ти достави совети и трикови за да ги присобереш сите придобивки што проектите за еУчество имаат да ги понудат.