За да промовираме демократско општество и да ги охрабриме младите луѓе активно да влијаат на условите под коишто тие живеат, важно е да им се понудат платформи и структури за вклучување во донесување на политички одлуки. Младите луѓе се често малку застапени во повеќе традиционални процеси на учество, кои се генерално направени за граѓани од сите возрасти. Затоа, потребни се напори со цел да се вклучат млади луѓе во донесување на политички одлуки.