Неутралноста и непристрасноста се неопходни за да се спроведе методолошки партиципарен процес. Како фасилитатор на процесот на младинско еУчество треба да се однесувате како „чесен брокер“ и да не барате посебен резултат. „Чесен брокер“ е непристрасен медијатор.
Како „чесен брокер“ , треба да бидеш непристрасен во очите и на младите и на оние кои ги носат одлуките. Ако младите те гледаат како сојузник на носачите на одлуки или обратно нема да можеш да ја имаш улогата на „чесен брокер“, и треба да прашаш некој друг да го води процесот. Да се биде „чесен брокер“ и адвокат на младинското учество во донесување на политички одлуки сепак, може да оди рака под рака. Се разбира, се додека подеднакво ги слушате и ги вклучувате погледите од сите страни.