Можеби немате јасна идеја за проект за е-Учество што би сакале да го спроведите, на пр. за прашање кое итно треба да се разговара со младите. Или чувствувате дека младите досега се вклучени многу малку, па би сакале да го промените тоа и да се запрашате како можете да го остварите истото: ова е она што ние го нарекуваме „фаза на идеја“. Оваа рана фаза на проект за учество - без разлика дали станува збор за дигитален или друг тип на проект – многу често се потценува и не и се дава приоритет. Ако имате јасна слика за целта на проектот и влијанието што сакате да го постигнете, веројатноста за успешно спроведување на проектот се зголемува.
Треба да си го поставите следното прашање: Што сакате да постигнете со проектот? Накратко, ова има врска со влијанието.
Колку појасно и пореално може да ги дефинирате целите, полесно ќе ви биде успешно да ги наведете чекорите кои ви се потребни за да го постигнете посакуваниот резултат. Бидејќи очигледно се занимавате со е-Учество и со ОПИН – погрижете се вашите цели да можат да се постигнат со можностите кои ги нуди ОПИН.
Секогаш можете да креирате тест-профил и да си поиграте малку со можностите што ги нуди ОПИН. Исто така, ве советуваме секако да ги разгледате упатствата низ прирачникот.
„e“ во е-Учество главно се однесува на методот за учество кој го спроведувате со проектот. За успешно водење на проектот, всушност, потребни се добри вештини за управување со проекти: треба да имате јасна идеја за целта на вашиот проект, влијанието што сакате да го постигнете со него и расположливиот буџет. Ова значи дека сега сте подготвени да направите груба скица на процесот од А до Ш што секако треба да се вклопи во процесот на донесување на одлуки.
Добро за почеток, е да направите краток опис на проектот од 2-3 страници. Во овој опис, може да вклучите:
Tекстовите и ресурсите на оваа веб страница се финансирани од Европската Комисијата, како дел од проектот Еразмус+ DIGY и се објавени под следнава лиценца: