Како можам да креирам идеи?
Во некои проекти, корисниците можат да креираат идеи во процесот на учество. За да го направите тоа, следете ги чекорите подолу:
- Кликнете на креирај предлог во јазичето за учество на проектот.
- Напишете наслов и детален опис на Вашата идеја/предлог во формуларот за пополнување.
- Додајте слика на Вашата идеја со кликање на знакот и поставете слика од Вашиот компјутер (опционално).
- Кликнете на објави за да ја објавите Вашата идеја.
Внимавајте, бидејќи не сте во можност да креирате идеи во сите проекти, или фазата на креирање на предлози веќе може да е завршена. Проверете ги видовите на проекти и алатките на проектот за да дознаете за различните можности за учество, или да погледнете во времепловот на секој проект за да знаете во која фаза на учество се сега!
Како можам да креирам идеја која се наоѓа на мапа?
- Кликнете на креирај предлог во јазичето за учество во проектот.
- Напишете наслов и детален опис на Вашата идеја/предлог во формуларот за пополнување.
- Додадете слика на Вашата идеја со кликање на знакот и поставете слика од Вашиот компјутер (опционално).
- Лоцирајте ја Вашата идеја на мапата со кликање во означената област на мапата.
- Кликнете на објави за да ја објавите Вашата идеја.
Како можам да ја уредам или избришам мојата идеја?
Уреди идеја
- изберете ја Вашата идеја во листата на предлози
- кликнете на трите точки во горниот десен агол на Вашата идеја и одберете уреди.
- променете ја идејата како што сакате.
- кликнете објави.
Избриши идеја
- Изберете ја Вашата идеја во листата на предлози
- Кликнете на трите точки во горниот десен агол на Вашата идеја и одберете избриши.
- Кликнете на избриши за да го потврдите процесот на бришење.