Персонализирање на корисничкиот профил


Како да го персонализирам мојот профил?


Ако сакате да го персонализирате Вашиот ОПИН профил, можете лесно да додадете информации за Вас во само неколку чекори! Едноставно прочитајте ги чекорите подолу:

1. Кликнете на 

arrowmini

веднаш до Вашето корисничко име во горниот десен агол и изберете Поставки за сметката, во паѓачкото мени.

2. Изберете го јазичето 

edit profile

во менито на левата страна.

3. Пополнете ги празните места со информациите што сакате да ги објавите за себе. Можете да го обновите Вашето корисничко име, да поставите Ваша аватар слика, да додавате лични информации и начини за поврзување со Вас.

4. Изберете 

tick

Испраќајте ми известувања по и-меил ако сакате да добивате известувања за проектите што ги следите на ОПИН.

5. Кликнете зачувај промени.