Претстави правила за добар дијалог помеѓу младите учесници

Многу важно е младите да се чувствуваат почитувано и удобно во вклучување со мислења како лице во лице така и во интернет мрежата. Во некои случаи, твојот проект можеби е нивно прво искуство во земање учество во демократски вежби. Затоа многу е важно да имаат позитивно искуство и всушност наредниот пат да земат учество кога од нив ќе се побара да го искажат своето мислење. Еден начин да се осигура ова е да се договорат правила кои ќе бидат водечки во давањето мислења. Подолу ќе најдеш листа на правила кои многу пати се користени во граѓански настани со учество низ годините. Се надеваме дека ќе те инспирираме да направиш и сопствени!

 

Инспирација: Правила за добар дијалог[1]

·       Однесувај се со почит кон сите

·       Слушај внимателно што имаат да кажат и другите

·       Не се прекинувајте еден со друг

·       Вклучи се во дискусијата

·       Фокусирај се на предметот

·       Давај кратки и јасни коментари

·       Кога коментираш, биди конструктивен

·       Одговорниот на групата одлучува кој ќе зборува

·       Одговорниот на групата е неутрален и не учествува во дебатата

 

 

Пред да започне размената на мислења треба да ги поминеш Правилата за добар дијалог со младите  - на опуштен начин! Имањето одговорен на група е најефикасниот начин да се осигураш дека ќе ги почитуваат овие правила за време на размената на мислења.

 



[1] За специфични правила на интернет и совети погледни на Prepare online community management и Keep the young continuously activated and motivated online.