Постојат безброј методи на учество. Тешката задача е да пронајдеш точно кој метод би бил соодветен за целите кои што си ги имаш замислено. Ова може да биде сложено, но помошната алатка на OPIN за донесување одлуки ќе ти помогне. Помошната алатка на OPIN за донесување одлуки[1] е дизајнирана како прашалник во кој што даваш одговори на низа на прашања. Кога ќе го завршиш прашалникот, помошната алатка ќе те обезбеди со онлајн процес на учество којшто ги исполнува потребите на твојот проект. Сепак, базирано на нашето искуство, строго советуваме комбинација од онлајн и лични компоненти (очи-во-очи). Се разбира дека е возможно да се постави само онлајн процес, но значително ја покачуваш веројатноста да извршиш успешен проект на еУчество ако личните и онлајн карактеристики одат рака под рака.
Подолу изработивме два примери за процеси на младинско еУчество. Првиот процес е поефтин и одзема помалку време во споредба со вториот. Овде е важно да се нагласи дека долг процес на учество со многу чекори и компоненти не треба да биде најважното нешто. Повеќе компоненти можат да го зголемат квалитетот на процесот, но исто така сето тоа може да биде и голем неред.
Во првиот од двата примери за процеси, проектот за младинско еУчество е започнат со големо отворање со лично присуство, на коешто се поканети млади луѓе, луѓе кои донесуваат одлуки, новинари и други заинтересирани партии. Процесот потоа започнува онлајн, каде што младите се замолуваат да предложат идеи и потоа да гласаат за они кои ги преферираат. Исходот на процесот е каталог со оценети идеи кој е на крај презентиран на луѓето кои ги донесуваат одлуките на прес конференција.
Вториот процес е следбеник на првиот, меѓутоа додадени му се уште два чекора: лична работилница (очи-во-очи), каде што младите ги ревидираат, дискутираат и образложуваат 10те најдобри идеи собрани на платформата на OPIN (види пример за програма на работилница подолу) и OPIN Анкета каде што секој може да гласа за објаснетата идеја која ја преферира. Резултатот којшто е подоцна презентиран на прес конференцијата е поопширен каталог со најпопуларните идеи.
За инспирација за методи со лично присуство (очи-во-очи) уште еднаш ќе навестиме да го погледнеш Engage2020 Action Catalogue.[2] Исто како и во помошната алатка за донесување одлуки на OPIN, ќе пронајдеш прашалник, и каталогот потоа ќе ти предложи неколку методи соодветни за намената на твојот проект.
Пример за програма: Работилница со лично присуство и карактеристики на OPIN
“YOUTH DECIDE”: 100.000 ЕВРА ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВНОСТИ ВО НАШАТА ОПШТИНА – КАКО ТРЕБА ДА ГИ ПОТРОШИМЕ?
САБОТА 25ТИ НОЕМВРИ 2017
ВРЕМЕ
ТОЧКА НА АГЕНДАТА
09:30
РЕГИСТРИРАЊЕ И ДОРУЧЕК
10:00
ПРИЕМ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ДЕНОТ
10:30
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИДЕИ ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА ИДЕИ НА OPIN
11:15
ПРВ КРУГ НА ГРУПНА РАБОТА
Разгледување на случаи и прегледување и ажурирање на идеи користејќи OPIN преглед на текст
12:45
РУЧЕК
13:30
ВТОР КРУГ НА ГРУПНА РАБОТА
Разгледување на случаи и прегледување и ажурирање на идеи користејќи OPIN преглед на текст
15:00
ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ГРУПНАТА РАБОТА
16:00
ЕВАЛУАЦИЈА И ШТО Е СЛЕДНО ВО ПРОЕКТОТ?
Потсети ги младите да гласаат за нивните омилени идеи на платформата на OPIN користејќи OPIN анкети
16:30 - ?
ПРИЕМ И ЗАБАВА
[1] За да добиеш пристап до помошната алатка за донесување на одлуки треба да ја регистрираш твојата организација на OPIN. Можеш да ги испробаш различните OPIN карактеристики и да добиеш повеќе информации за процесот на регистрација овде: https://opin.me/en/start-your-project/