Сподели ги резултатите на лесно достапен, транспарентен и примамлив начин


Излезните податоци од од твојата фаза на учество може да заземат многу облици. Без разлика на обликот, мнигу е важно резултатите да бидат презентирани на транспарентен начин којшто исто ќе биде примамлив за примателите. Бидејќи има повеќе приматели на резултатите, насочени напори се многу важни во овој случај. Може да ги прашаш различните групи на приматели како би сакале да ги добијат резултатите. Оние кои ги донесуваат одлуките можеби ги сакаат на еден начин, медиумите на друг, младите луѓе на трет.

Покрај презентирањето на резултатите во форма на идеи, препораки и слично, многу е важно да ја разјасниш значајноста и важноста на резултатите на твојот проект. Треба да му докажеш на секого дека се придобиваат излезни информации со висок квалитет преку вклучување на млади луѓе во процесите на донесување одлуки. Кажано на друг начин, треба да ги искористиш резултатите за да покажеш колку добро функционира твоето младинско учество.