Евалуирај и одржи го твојот проект од почеток до крај

Ти и твојот менаџерски тим треба да ги евалуирате четвртата и последната фаза индивидуално – исто како што сте постапиле со првите три фази. Потоа треба да го погледнете проектот како целина. Овде извештаите од евалуациите би ви биле од голема корист. Сè на сè, искористи ја оваа можност за да научиш што поминало добро а што не и да размислиш околу предложените решенија за ова. Сумирај ги овие сознанија во краток извештај на кого можеш да се повикаш следниот пат кога ќе извршуваш проект за младинско еУчество.

Меѓутоа, не е доволно да го евалуираш проектот интерно во твојот тим. Можеш исто така да ги поканиш младите репрезентативци и оние кои ги донесуваат одлуките во две посебни евалуациски и проследувачки состаноци. Исто така е многу корисно да ги вклучиш и нивните гледни точки за процесот во твојот извештај. Состанокот со твоите поддржувачи со моќта на донесување одлуки е исто така и голема шанса да воспоставиш основа за твојата следна соработка на младинска учество.

И важна заклучна забелешка: пред да го затвориш проектот, осигурај се дека сите проектни ресурси се достапни за секого во твојата организација, за да не се изгуби ниеден важен податок. Можеш да имаш корист од истите во твојот следен проект на еУчество. Наместо да започнеш од почеток можеш да ажурираш и смениш веќе постоечки датотеки и на овој начин да бидеш уште по ефикасен/на во процесот на планирање.