Многу предизвикувачки е да го насочите целото внимание и ресурси кон извршување на вистинските активности за учество. Иако и ова е секако многу важно, има многу работа која треба да се заврши пред да стасаш толку далеку.
Првата фаза на еден проект за учество многу често е потценета и не и се посветува доволно внимание. Ова е навистина голема штета бидејќи токму во оваа фаза целиот проект треба да се формира и развие. Ако доволно внимание се посвети во овој дел ќе се избегнат многу потешкотии во подоцнежните фази. Ако имаш јасна слика за целта на проектот, и на целите кои сакаш да ги постигнеш на почетокот, многу веројатно е дека ова ќе влијае многу добро на проектот. На крај, ова секако ќе ги зголеми шансите за успешно достигнување на целите на проектот.
Во ова поглавје ќе дадеме неколку совети и трикови кои ќе ти помогнат да добиеш добар старт на твојот проект.