Многу често евалуацијата се прави на крајот од проектот. Меѓутоа, може да биде многу вредно да направиш евалуација после секоја фаза од проектот и да го прилагодуваш првичниот план ако е потребно, посебно ако проектот трае подолг период.
Главните прашања за тебе и твојот тим се: Кои се јаките страни? Што можело да се направи поинаку? Запишувај што си научил и имај го ова на ум кога ќе го оценувате целокупниот проект на крајот. Овие искуства се важни белешки. Учи од твоите успеси и грешки и искористи ги за нареден сличен проект, и сподели го со други кои сакаат да направат проект за еУчество.
Секако, треба да вклучиш и евалуација од младите учесници после сите активности. Погледни во Фаза на Учество за повеќе информации!