Во процесот на конкретизирање и давање рамка на твојата идеја за проект, многу корисно може да биде учењето од слични проекти. Можеби твојата соседна општина или друга организација како твојата веќе завршила некој проект. Поврзи се со нив и побарај да го споделат нивното искуство со тебе. Оваа размена на искуства може да го насочи твоето внимание кон проблеми кои се локално специфични а не се покриени во OPIN упатствата.[1]
Во оваа етапа треба да се одлучиш дали сам ќе го реализираш проектот, или ќе ти требаат консултации од (надворешни) професионални практичари да го завршиш проектот, или барем некои делови од него. Во некои случаи ова не е ни твоја одлука, но ако е, еве некои корисни прашања:
Прашања
Посакувани одговори
Дали си мотивиран и возбуден за планирање на твојот проект за младинско еУчество?
ДА
Дали искрено веруваш во важноста на вклучување на млади луѓе во процесот на донесување одлуки?
ДА
Дали имаш корист од одлуките кои треба да се донесат?
НЕ
Дали имаш доволен број работни часови кои ти (и твојот тим) можеш да ги посветиш на планирање на проектот?[2]
ДА
Дали во твојот тим ги имате сите потребни вештини да го испланирате и менаџирате проектот од почеток до крај?[3]
ДА
Дали имате буџет за ангажирање професионални практиканти?
Ако твоите одговори не се исти со наведените погоре или барем близу со нив, ќе ти треба буџет за најмување помош.
Ако ти – или твојот претпоставен – одлучите дека ви треба помош, партнерите од EUth со задоволство ќе ти помогнат![4] Имаме огромна мрежа со практиканти во учество низ Европа и пошироко кои можат да те поврзат со консултанти во твојата земја.
[1] Можеш да се вклучиш и во разговори во групата на Facebook “eParticipation”.
[2] Да можеш да одговориш на ова прашање, би било корисно да погледнеш во Фондови за твојот проект.
[3] Провери Поставување одличен проект тим и научи за потребните вештини за планирање и менаџирање на проект за младинско еУчество.