Запомни, успехот се мери според влијанието кои си го постигнал. Сè во оваа фаза се врти околу важноста на твојот проект. Добро, не сè – исто така треба да го процениш твојот проект, така што ќе бидеш склон/а кон правење уште поуспешен проект за младинска партиципација наредниот пат.
Веќе се осврнавме на тоа дека повеќе работи можат да имаат влијание. Може да биде учењето кое младите луѓе го доживеале учествувајќи во процесот на учество; може да биде позитивниот впечаток кој локални политичари и донесувачи на одлуки го добиваат од младински проекти за учество; може исто директно да се интерпретира за буџетни распределби, инвестиции во установи за рекреација, и многу повеќе. Во твојот случај влијанието е пред сè остварувањето на целите коишто си ги поставил/а фо Фазата на идеи. Без разлика на тоа кон какво влијание си целел/а со твојот проект, важно е да им покажеш на младите луѓе дека нивното активно учество во демократски процес на донесување одлуки може да направи разлика.
Речиси си на целта. Сепак, сè уште има работа во подготвување и трансформирање на резултатите од проектот во достапни информации – коишто потоа можат да бидат споделени со оние луѓе кои ги донесуваат одлуките и пошироко. И не го заборавај оценувањето!