„Сè“ што треба сега да направиш е да ги одржиш активностите за учество. Ако внимателно си ги одработил првите две фази од проектот, оваа фаза не би требало да биде комплицирана. Меѓутоа, ова не значи дека треба да се опуштиш.
До сега веќе би требало да ги имаш средено сите подготовки, па сега е време да го ставиш проектот во пракса. Сега треба да се погрижиш да направиш добра позитивна средина за учество – и на крај, но не последно да добиеш резултати.
Во некои случаи, ова поглавје ќе се задржи поединечно на персоналните (очи-во-очи), активности и интернет активностите. Ова се прави за да се потенцираат некои разлики кои треба да се земат во предвид кога се одржуваат овие процеси. Меѓутоа, многу од овие совети и трикови кои се презентирани се од важност и за двата вида на учество.