Без пари, нема проект! Дури и твојата организација да ја водат волонтери, скоро невозможно е да се спроведе проект без трошоци.
Обезбедување фонд е специфичен предизвик. Еден корисен начин да почнеш е да исконтактираш со Националниот Младински (Информациски) Совет. Тие имаат стручни совети за овие прашања, и никој нема подобро да ја знае мрежата за младински учества во твојата земја.[1] Друг начин да обезбедиш средства е да подготвиш апликација за фондација или програма за финансирање на младински проекти. На пример, погледнете ги програмите на Еразмус+ [2] и на Европската Младинска Фондација[3] да видиш дали твојот проект соодветствува со некои нивни програми. И последно, ако јавната администрација специјално го побарала твојот проект или го одобрила, можеш да им побараш пари од буџетот да ги покријат трошоците за проектот.
Кога ќе обезбедиш пари за твојот проект, треба да направиш буџет – или да ја прилагодиш верзијата која можеби ја имаш ако си аплицирал за фонд преку некоја програма. Овде софтверот Excel ти е најдобар пријател. Бројот на наслови за буџет и детали за кои аплицираш зависат од твојот извор за фондирање. Треба секогаш да ги почитуваш правилата на изворот за фондирање! Како и да е, колку да знаеш, некои наслови за буџет се обично трошоци за плата и трошоци за стока. Кога ќе имаш јасна идеја колкав е буџетот, ќе ти биде полесно да го скецираш процесот на еУчество. На пример, кога ќе знаеш колкав е буџетот за стоки тоа ќе ти биде водечки старт при одлучување за бројот и скалата за активности очи – во – очи со учесниците. Истото важи за буџетот на платите. Овој буџет ќе ти помогне да го пресметаш бројот на работни часови распределени во планирање и имплементирање на различни проектни активности.
Имај на ум дека буџетот не е постојан документ. Треба да го прилагодуваш секогаш кога ќе се јават промени во твојот проектен план. Со други зборови, треба секогаш да биде во тек со настаните.
[1] можеш да го лоцираш Националниот Младински (Информациски) Совет пребарувајќи ја листата на членови од Европскиот Младински Форум http://www.youthforum.org/about/member-organisations) или ERYICA http://eryica.org/page/member-organisations)
[2] http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/