Доколку го читаш ова, значи дека ти сериозно мислиш да ги вклучиш младите луѓе во донесување на важни одлуки кои влијаат на нивните животи. Партнерите на EUth проектот ти се заблагодаруваат за тоа и ти посакуваат добредојде во голема заедница на индивидуи и организации кои практикуваат и веруваат во партиципативна демократија.
Совети и трикови за поголемо и подобро еУчество на младите
OPIN Упатството е создадено да им помага на иницијаторите кои сакаат да применат проекти на младинско еУчество на OPIN платформата (www.opin.me), развиена од партнерите на EUth проектот, како и на иницијаторите на младинско учество во општо – дали на интернет или надвор од интернет сферата – коишто исто можат да имаат корист од него.
Позадината на OPIN Упатството
OPIN Упатството беше развиено од Фондацијата Дански одбор за технологија („Danish Board of Technology Foundation (DBT)„) во соработка со партнерите на EUth проектот. Во процесот на развој, европските младински работници, акционери, истражувачи, и млади луѓе константно ги споделуваа со нас нивните погледи, искуства и визии за еУчество на младите.
Како и во овој документ, каде што упатствата се презентирани во целост, советите и триковите можат да се најдат и во прилагодената форма директно во секторот Помош на OPIN Платформата. OPIN упатството е само едно од неколку помагала коишто ти можеш да ги најдеш на платформата, меѓу другите и:
· OPIN упатства за користење: Овие упатства ќе те научат сè што треба да знаеш за тоа како работи OPIN платформата и нејзините додатоци.
· OPIN алатка за подршка во одлуката: Оваа алатка ќе ти помогне да го најдеш процесот за учество којшто одговара на твојот проект и ти помага да поставиш проект за еУчество на OPIN платформата.
· OPIN упатство тренирај-го-тренерот: Овој материјал ќе ти овозможи да спроведеш обука за тоа како да планираш и реализираш проекти за младинско еУчество.
Но пред да ги провериш овие неколку помагала те охрабруваме да до прочиташ до крај OPIN Упатството.
Убаво читање!
„DBT„ и Партнерите на EUth Проектот