Фази на учество

Што се тоа фази во мојот проект?


Шаблоните за проект на ОПИН нудат различни функционалности (кликнете овде за повеќе информации). За да го структурирате процесот на учество, функционалностите може да се активираат во различни фази, во зависност од шаблонот што ќе го одберете.

На пример, шаблонот за предизвик на идеја содржи две фази:

Фаза 1: објави и коментирај за идеи

Фаза 2: се согласувам/не се согласувам со тие идеи

Фазите се активираат една по друга, во зависност од датумите кои ќе ги изберете. На пример, за првата фаза можете да одлучите да трае две недели (01.01.-15.01.) проследена со втората фаза со траење од една недела (15.01.-22.01.)

Фазите се прикажани во времепловот, така што учесниците секогаш ќе знаат во која фаза е проектот во дадениот момент.


Како можам да ги активирам фазите?


1. Кликнете на  веднаш до Вашето корисничко име во горниот десен агол и изберете го името на Вашата организација во паѓачкото мени.

2. Изберете го јазичето  Проекти во менито на левата страна.

3. Изберете проект и кликнете на уреди.

4. Кликнете на јазичето за фази: Во зависност од шаблонот што го имате избрано, ќе најдете една или две фази на учество.

5. Пополнете ги имињата и описот на фазите за учество и одберете кога секоја фаза треба да почне и да заврши.

ВНИМАВАЈТЕ датумите на фазите да не се преклопуваат. Ако е тоа случај, втората фаза ќе биде активирана дури откако ќе заврши првата фаза.

6. Кликнете на зачувај.